Kреативна работилница за велосипедот и „педалањето“ со Роберт Пасиг

Центарот „Педала“ организира работилница предводена од гостин, уметник од Соединетите Американски Држави, Роберт Пасиг на тема „Креативност: велосипедот и педлањето“.

На оваа работилница Пасиг ќе го претстави својот креативен процес на инспирација и создавање дела – скулптури од стари велосипедски гуми, но и други велосипедски делови.

Покрај презентацијата, учесниците ќе имаат можност да бидат креативни со материјали и алатки кои ќе бидат ставени на располагање.
Работилницата е од отворен карактер и секој е добредојден, иако е препорачана за уметници кои изработуваат скулптури или инсталации. Учеството е бесплатно.

Заради подобра организација, организаторите предлагаат да се најави присуство на pedala@inicijativi.org.mk или на 077 722294.

Работилницата ќе се одржи на отворено на местото наречено Плато, веднаш позади Педала, затоа порачуваат секој да си понесе јакна.