Креативна работилница за рециклирање во Пробиштип

Во среда (27 март) во Пробиштип ќе се одржува креативна работилница во која главна тема ќе биде развивањето на еколошката свест.

На работилницата ќе биде претставен поимот 3Р, односно редуцирање, реупотреба и рециклирање.

„Дојдете да погледнеме неколку филмови кои се создадени да ја разбудат свеста за заштитата на животната средина во која живееме. Дојдете за да го кажете своето мислење и да бидете слушнати, да размениме искуства, идеи, предизвици. Дојдете да покажеме дека има некој кој всушност се грижи за животната средина во која живееме. Дојдете за да покажеме дека и малите чекори значат многу. Дојдете за да покажеме дека сме спремни да се промениме себеси за да го промениме светот. И најпосле, но не и помалку важно, дојдете да се дружиме“, стои во повикот за работилницата.

Работилницата ќе се одржи во СОУ „Наум Наумовски – Борче“, со почеток во 12 часот.

Таа е наменета за средношколци, кои се од или учат во Пробиштип и млади (до 30 години).

Пријавувањето се врши на: m.jacevska@gmail.com, со Subject: Трипати кажи Р.

Рокот за пријавување завршува утре – 25 март.

Агенда:
12:00 – 12:15 Регистрација на учесници
12:15 – 12:30 Вовед: Што е активноста “3Р – Редуцирај, реупотреби, рециклирај“?
12:30 – 14:00 Сесија 1: Екологијата низ призма од краткометражни филмови
14:00 – 14:15 Кафе пауза
14:15 – 14:35 Сесија 2: Запознавање со концептот „3Р“
14:35 – 15:15 Дискусија: Моменталните еколошки проблеми и развивање на можни решенија
15:15 – 15:30 Заклучоци