Креативен час по хемија од студентите и професорите на Природно-математичкиот факултет

Во четврток (20 декември) студентите и професорите од Институтот за хемија при ПМФ – Скопје ќе одржат креативен час по хемија. „Хемискиот спектакл“ ќе започне од 17:30 часот.

„Добредојдени се сите вљубеници во хемијата и сите оние кои сакаат добра забава зачинета со малку хумор“, најавија „Група среќни хемичари“ и „Не толку среќни хемичари“.

Настанот ќе се одржува со поддршка на Институтот за хемија и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ). Предвидено е настанот да трае околу 90 минути.

Влезот е бесплатен.

Атмосферата од лани може да ја погледнете во продолжение: