Краток филм против сиромаштијата

Студентите по актерска игра од Факултетот за драмски уметности – Скопје, под менторството на професорката Синоличка Мелес Трпкова, за својот завршен испит по актерска игра пред камера, направија краток филм против сиромаштијата.

Студентите се приклучија на „Македонската платформа против сиромаштијата“, која активно се бори за подобрување на животниот стандард на социјално загрозените поединци и ранливите групи во опшеството.

Во продолжение погледнете го краткиот филм на студентите од ФДУ.