Кратка театарска претстава за младите глувонеми луѓе и нивните проблеми

Кратка театарска претстава за младите глуво-неми луѓе и нивните проблемиВо организација на Центарот за младински активизам КРИК, во петок(15 ноември) во просториите на ГЕМ клубот ќе биде изведена театарска претстава која е финален производ од младинската размена Youth Acting for Europe.

Младинската размена Младите Глумат за Европа, има за цел да ја претстави идејата за Европско граѓанство како и Европските вредности поврзувајќи ги со традициите на различни држави. Целната група на размената се млади глуво-неми луѓе и таа се одржа во текот на ноември на Пониква.

На размената учествуваат 3 држави Италија, Романија и Македонија, а учесниците на крајот ја подготвија кратката театарска претстава, која ги претставува традициите на секоја држава, како и секојдневните проблеми со кои се соочуваат како млади глуво-неми луѓе во своите заедници. Почетокот на претставата е во 17 часот.

Младинската размена Youth Acting for Europe е дел од програмата на Млади во Акција и е финансирана од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.