Ковид-19 во изминатото деноноќие: 4 починати, 141 новозаразени и 93 оздравени лица

Во изминатото деноноќие од Ковид-19 починаа четири пациенти, регистрирани се 141 нови случаи, а има и 93 оздравени лица, соопшти Министерството за здравство.

Од починатите, двајца пациенти се од Скопје (54г. и 55г.), една пациентка од Кавадарци (69г.), и еден пациент од Свети Николе (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а од новозаразени во Скопје се регистрирани 51 лице, Куманово-19, Струга-16, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Велес-2, Битола-4, Охрид-2, Дебар-2,  Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пробиштип-2,Македонски Брод-2, Берово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653, бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.