Коста Рика користеше обновлива енергија повеќе од 100 дена

Латинскоамериканската држава Коста Рика опстојуваше со обновлива енергија 121 денови, а сега цели кон тоа да издржи цела година без фосилни горива.

Минатата година, обновливите извори на електрична енергија изнесуваа 99 отсто од вкупната електрична енергија и 285 денови се напојувале целосно од обновливи извори.

Поголемиот дел од обновливите извори на енергија на земјата доаѓаат од хидроелектричните централи и комбинацијата од ветер, сончева светлина и геотермална енергија.

Во Европа, обновливите извори на енергија изнесуваат колку половина од енергијата на Шведска. Во 2015 година, премиерот на Шведска најави дека државата работи на тоа да прерасне во „една од првите држави кои нема да користат фосилно гориво во светот“.

Минатата година, фармите за ветер во Данска, испорачале 140 отсто од енергетската побарувачка, како една од клучните чекори за да се запре глобалното затоплување.

На почетокот од годината, Португалија направи значителен напредок со тоа што целосно се потпираше на својата обновлива енергија 107 часа, без да користи фосилни горива.

Во 2009 година, ЕУ директива постави за цел, 31 отсто од уделот на обновлива енергија да биде дел од енергетскиот микс на Португалија до 2020 година.

Се очекува дека само Шведска, Австрија, Латвија и Финска би имале поголем удел до 2020 година, додека Велика Британија, за споредба, има цел за 15 отсто.