Косплеј натпревар „А1 Game fest 2021“

Наредната сабота, на 11 декември, во трговскиот центар East Gate ќе се одржи косплеј натпревар организиран од А1 Македонија и GG.mk.

Натпреварот ќе се одржи во живо, а стручно жири ќе ги оценува костимите на натпреварувачите. Учеството на натпреварот е бесплатно, а сите заинтересирани треба да се регистрираат.

„Ги покануваме сите косплеери и косплеерки кои не успеаа годинава да продефилираат никаде, како и оние кои беа обесхрабрени да се пријават лани, да се претворат во својот омилен карактер и да се покажат во најјако светло и да продефилираат пред публика во живо во East Gate Mall“, велат организаторите.

Оттаму дополнуваат дека секој натпреварувач треба да продефилира на подиумот со свое претставување и/или кореографија и да одговори на прашањата од жири комисијата. Косплеерите ќе се натпреваруваат за прво, второ, трето и четврто место и парични награди.

Турнирот ќе се одвива според тековните важечки мерки и протоколи за заштита од COVID-19, а турнирот ќе се пренесува во живот на Фејсбук и Инстаграм профилите на А1 Македонија и на GG.mk, каде преносот ќе биде проследен од коментатори.