Кошаркарските фанови на ЦСКА наградени со контроверзен медал „за освојувањето на Берлин“

ЦСКА Москва по победата во финалето на кошаркарската Евролига одржано во мај во Берлин, сака да ги награди сите фанови, кои ќе докажат дека присуствувале на натпреварот, со медал „За освојување на Берлин“, пренесува ББЦ.

Ова следува откако минатата година на финалните натпревари во Шпанија, фановите добија медали „За освојување на Мадрид“.

Клубот соопшти дека со задоволство ќе ги награди „хероите“ кои купиле билети преку клубот или кои присуствувале на финалето преку карти набавени на друг начин.

Но медалите предизвикаа доста контроверзии, бидејќи го делат истото име и имаат огромна сличност со медалите кои ги добивале припадниците на руската армија при освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Скратеницата ЦСКА е од Централниот спортски клуб на армијата и сè уште има конекции со Министерството за одбрана. Но, и покрај ова, соопштението предизвика жестоки реакции помеѓу фановите и политичарите.

medal-rusija-vsv

Медалот кој го добивале учесниците во Втората светска војна

Заменик парламентарниот спикер, Игор Лебедев рекол дека медалот е последното нешто што е потребно на Русија, кога Москва се обидува да ги обнови врските со Германија. Нарекувајќи ја наградата „целосна бесмислица“, додавајќи дека „таа претставува навреда до руските ветерани кои медалите ги добиле поради пролиена крв на бојното поле“.

Реакциите на Фејсбук страната на ЦСКА се во најголем број негативни, во кои управата на клубот е обвинета на разни начини како „ненормални“, „глупави“ и „лудо“ за навредување на пожртвуваноста на војниците во Втората светска војна. Еден корисник напишал дека клубот„удрил шамар на воените ветерани“, додека друг постирал „среќен сум што мојот дедо не е жив да го види ова“.

Претседателот на клубот, Андреј Ватутин, не гледа ништо спорно со медалот, потенцирајќи дека нема ниту армиска поврзаност, ниту политичка конотација со сегашните тензии помеѓу Европа и Русија.