Користењето јавен превоз подобро oд пешачење до работа, во Јапонија

Користењето на јавниот транспорт за одење на работа може да биде дури и подобро од пешачењето, покажува нова студија објавена викендов на годишната конференција на Американското друштво за срцеви болести (AHA).

„Корисниците на автобуси/возови имаат дури и пониски можности за дијабетес, висок крвен притисок и прекумерна тежина отколку пешаците и велосипедистите”, се вели во соопштението за медиумите, за наодите од студијата спроведена во Јапонија.

Истражувањето покажало дека споредено во возачите, корисниците на јавен превоз имаат 44 проценти помали шанси за прекумерна тежина, 27 проценти помалку шанси за висок крвен притисок, а 34 проценти помалку шанси да да добијат дијабетес.

Но, иако е малку контрадикторно, нешто подобри здравствени придобивки има кај корисниците на јавен превоз во однос на одењето на работа пешки или со велосипедисти, велат јапонските истражувачи.

Тие сугерираат дека едно од објаснувањата за ваквиот резултат е тоа што патниците всушност пешачеле подалеку за да стигнат до автобуската/железничка станица, за разлика од оние кои се движеле со велосипед или пешки.

„Ако се потребни повеќе од 20 минути пешачење или возење велосипед до работа, многу луѓе се чини дека го користат јавниот транспорт или автомобилот во урбаните области на Јапонија”, вели водечкиот автор на студијата Hisako Tsuji, директор на Здравствениот испитен центар во Осака, Јапонија.

Извор: AFP