Корчагинска просветилка: Креативност, љубов, смеа и „контра“ химна

Креативност, иновативност, многу смеа и љубов можеа да се видат на петтата, јубилејна „Корчагинска просветилка“, манифестацијата што во петокот се одржа во новата сала на Македонската филхармонија, а во организација на Кариерниот центар на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“.

„Мнoгу интереснo искуствo. Оваа прoсветилкa беше плoд нa нaшиoт труд. Вo неa се влoжијa ученици oд сите смерoви и пoкaжaa декa знaaт мнoгу пoвеќе oд тoa дa нaучaт лекцијa кoјa системoт им јa нaметнaл. Сите ние гo пoкaжaвме тaлентoт кoј гo пoседувaме. Кaриерниoт центaр е местo кaде штo пoстoи кoмпрoмис и рaзбирaње, без рaзликa дaли членoвите се дружaт пoвеќе или пoмaлку –  сите гo пoчитувaaт стaвoт нa другиoт. Оваа Корчагинска Просветилка е навистина нешто сo штo ќе се гoрдееме ние кoи учествувaвме вo нејзинoтo реaлизирaње, a се нaдевaм декa и целoтo училиште“ изјави Христијан Крстевски, еден од учесниците на годинешнава „Корчагинска просветилка“.

На настанот беа наградени четириесетина професори: Роза Мајсторовиќ, Фросина Митрушева, Атанас Сопотски, Ацо Спасевски, Павлина Маркудова, Перо Миноски, Даниела Николова, Кристина Гелмановска, Снежана Пеловска, Каролина Кузмановска, Марија Николовска, Татјана Голчева, Владица Василевска, Слаѓана Стојановска, Сашо Саздовски, Дарко Билбиловски и уште многу други.

„Претходните години, како настан „Корчагинската просветилка“ се состоела од доделување автентични награди на професорите, од страна на матурантите, кои им предавале во текот на четиригодишното средно образование. Се доделувале награди за најуникатен, најмодерен, најавторитативен, најдружељубив, најобјективен, најпосветен или најинспиративен професор, но оваа година, ние кариерците, решивме концептот да биде поразличен. Наградите се доделуваа, но тие немаа име. Сите професори за нас се посветени, објективни, уникатни, модерни…“ – раскажува Лина Иванова, претседател на Карерниот Центар при СУГС „Раде Ј.  Корчагин“ и дел од организацискиот тим.

„Ние ја немавме таа моќ да ги поделиме професорите. Па затоа концептот го променивме. Повеќе внимание обративме за да ја прикажеме љубовта, благодарноста и она што навистина не’ научиле, преку најразлични точки. Пеевме, глумевме, говоревме, решававме задачи, се шегувавме, цртавме, зборувавме на француски, англиски, германски, македонски“, додава Иванова.

Организаторите посочија дека овогодинешната манифестација зрачи со слободоумност, револуционерност и автентичност, но разочарани се што голем дел од професорите, оправдано или не, не го проследија овој настан. На настанот беше прикажано и сатиричното видео на матурантите од Корчагин, кое многумина го нарекоа контра химна или пародија на неодамна снимената химна на училиштето.

„Го поставивме рекордот за најбрзо снимена песна(15 минути се на се), а видеото беше „one-take“.Текстот беше 50/50, делови беа смислени во нашето прекрасно пацио заедно со мојата драга “колешка” Јована, а другиот дел јас го пишував во три саатот наутро, кај мене во соба со караоке верзија од ’Кило доле кило горе’ на слушалки. Професорите не знаеја за комплетниот аранжман на песната, иако видоа неколку сегменти од видеото додека го снимавме на училиште.На прашањето каква химна му треба на Корчагин, едноставно не таква каква што е оваа актуелнава“, вели за Радио МОФ Матеја Димовска, матуранка во Корчагин.

Корчагинска Просветилка е осмислена и остварена во декември 2013 година со цел учениците од Корчагин да им искажат благодарност на своите професори – просветители. Во 2016 година расте заинтересираноста за настанот, во 2017 станува бренд, но годинава доживува уникатен јубилеј кој носејќи го надежниот дух на слободата, ја наполни Македонската Филхармонија со повеќе од 1000 гости.

Ана Илиева