Копија од албумот „The Beatles“ е најскапата винил плоча некогаш продадена

Копија од албумот „The Beatles“, во сопствеништво на тапанарот на групата Ринго Стар, е потврдено дека е најската винил плоча некогаш продадена.

Првата винил копија од албумот е продадена на аукција минатиот декември за 790 000 долари. Претходно беше соопштено дека плочата е продадена за 910 000 долари, но Комитетот на Гинисови рекорди го поправи тоа.

Повеќе познат како „Белиот албум“, секоја едицина од албумот имаше свој сериски број втиснат на корицата.

Првиот албум беше продаден од аукциската куќа Џулиен во Беверли Хилс. Добивката од продажбата беа наменети за фондацијата Лотус, основана од Стар и неговата сопруга.

Според Комитетот на Гинисови рекорди, копијата била во сопственост на Стар веќе 35 години и била продадена во добра состојба.

Првите четири копии од албумот им припаднаа на членовите на групата, додека петтата копија беше продадена на аукција во 2008 година за помалку од 30 000 долари.