Концертна промоција на последниот албум на The John & Space Rebel Gang

На 2 октомври во летниот клуб „Хавана“ македонскиот бенд The John & Space Rebel Ganag ќе го промовира последниот албум.

1947518_346069218896322_244567044_n

– The John е оригинална скопска рокенрол приказна. Кратка, ама долга, растегната, ама густа. Преиспитувачка, полна ехо и реверб, а оригинална. На крајот на денот, ги остава скопските улици премерени за 21. век, наведуваат тие во ФБ поканата за настанот.

Влезот за концертот е 200 денари, а во Хавана новиот албумот на бендот ќе се продава по промотивна цена.

Веќе во недела (28 септември) е најавена промоција на видео записот за нивната песна „Слобода“.