Концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје

Во петок (10 јануари) во салата Фросина, во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт на студентите на студиските програми за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност од Скопје(ФМУ – Скопје).

Почетокот на овој студентски концерт насловен „Feeling good“ е закажан во 20 часот.

Концерт во МКЦ на студентите од Факултетот за музичка уметност - Скопје