Концерт на „Мугер Фугер“ на 8 февруари во МКЦ

Концерт на „Мугер Фугер“ на 8 февруари во МКЦСкопската група Мугер Фугер на 8 февруари во МКЦ ќе го промовира новиот албум „Ла Кања“, кој  претставува богатство од различни сензибилитети и креативци. На концертот ќе настапат: Горан Трајкоски (Падот на Византија, Анастасија, Мизар), Драган Гиновски – Гино (Архангел), Зоран Тортевски (Хармосини, Мизар), мултиталентираните Сашко Костов и Ади Имери, виртуозот Мухамед Ибрахими, како и поетот Џабир Дерала.
Култниот бенд Last Expedition, славната рок приказна која му претходеше на Mooger Fooger во 90-те, се меѓу ексклузивните гости на овој музички настан. Тие ќе ја почeстат публиката со неколку од своите хитови кои наизуст ги пее веќе втора генерација вљубеници во рок културата. На концертот ќе настапат и членовите на извонредниот проект од крајот на 90-те години, Exic, а како предгрупа ќе свират The Black & Vice Social Club, garage rock power трио од Скопје предводено од Ади Имери (вокал и гитара). Со својот настап тие ќе направат најава за деби албумот кој се очекува да излезе напролет.
Билетите за концертот на Mooger Fooger во претпродажба во музичката продавница 1/2 Југотон ГТЦ 1 кат и онлајн преку Купи Карти За Се. Цената на билетите од 21-ви јануари до 27-ми јануари изнесува 150 ден.
Од 27-ми јануари до 8-ми февруари 2013 картите ќе чинат 200 ден. Билетите на врата ќе се продаваат по цена од 300 ден.