Концепт 37: Видео проекција на плакати и илустрации на Мирко Илиќ

Концепт 37: Видео проекција на плакати и илустрации на Мирко ИлиќПоранешниот уметнички директор на магазинот Times и New York Times, Мирко Илиќ ќе се претстави со своја изложба во Скопје во рамките на шестиот по ред „Скопје Постер фестивал“, кој се одржува од 18 октомври до 15 ноември во Скопје.

Сп почеток во 20 часот посетителите на арт-кафето „Концепт 37“ во сабота, ќе имаат ретка можност да ги проследат преку видео проекции, плакатите и илустрациите на светски познатиот дизајнер и илустратор Мирко Илиќ, кои ќе бидат еден вид загревање и најава на неговата голема изложба која ќе се случи на 4-ти ноември во МКЦ.

Мирко Илиќ е воедно и овогодишен претседател на жирито на „Скопје постер фестивал“ и ќе има задача од 1920 пристигнати плакати, традиционално да избере 3 најдобри решенија и 7 почесни. Тој е култен дизајнер кој доаѓа од екс-ју просторите и денес има свое дизајнерско студио во Њујорк. Во 1991 година, Илиќ станува уметнички директор на меѓународното издание на магазинот Times, а веќе следната година и уметнички директор на Оп – Ед страниците на New York Times.

Како дел од програмтата на „Скопје Постер фестивал“ на 5 ноември со пoчеток во 14 часот тој ќе има и свое предавања кое ќе биде отворено за сите посетители и љубители на дизајнот.

Целосната програма на фестивалот можете да ја погледнете на www.skopjeposter.com.