Контроверзно видео ги охрабрува Данците да имаат повеќе деца за да добијат попуст за патување

Данска им нуди на своите граѓани попуст за „all inclusive“ одмор на егзотична локација, доколку имаат деца. Видеото е дел од кампања чија цел е да ја зголеми стапката на наталитет во државата.

Колку повеќе деца има еден пар, толку поголем е попустот кој го добива.

Туристичката агенција The Spies ја охрабруваше државата со кампањата „Do It for Denmark“ во 2014, потоа „Do It for Mum“ во 2015, а видеата биле прегледани вкупно 20 милиони пати и станаа национален тренд.

Слична кампања спровеле и од градските власти на Копенхаген, барајќи од жените да „раѓаат помлади“ со прашањето „Дали денес ги преброивте своите јајца?“. Националната данска телевизија пак, емитувала шоу именувано Knald for Denmark, во превод „Имајте секс за Данска“.