Контра кадар Скопје: проекција на Ace in the Hole и дискусија за медиумите

Што се медиумите – информација или манипулација? Дали има чест и достоинство во оваа професија, каква треба да биде таа доколку се држи до својот професионализам?

Ова се прашањата на кои ќе се дискутира по утрешната проекција на Контра кадар во Скопје.

Ќе се прикажува Ace in the Hole(1951) од Били Вајлдер или познат и по неговото друго име The Big Carnival. Тоа е филм кој зборува за медиумскиот сензационализам и го доведува до едно апсурдно ниво.

На дискусијата ќе учествуваат новинарките Тамара Чаусидис и Кристина Озимец.

“Живееме во општество каде сме бомбардирани од информации. Нашите смартфони ни даваат пристап до медиуми кои постојано се освежуваат со нови вести, дури и самите ние сме влезени во улога на новинари и медиуми преку нашите социјални мрежи”, стои во најавата за настанот.

Проекцијата ќе започне во 20 часот во кино Култура. Влезот е слободен.