Контра кадар Скопје: дискусија за младите бунтовници и проекција на култниот „Trainspotting“

Контра кадар Скопје овој пат се одлучи на својот репертоар да го постави култниот филм од 90-тите „Trainspotting“.

Оттаму велат дека ова е еден од оние филмови што будат бројни емоции и тера да се запрашаат луѓето за важноста на изборите што ги прават во животот.

„Trainspotting ни ги прикажува рамно спакуваните, лесно достапни идеали на младите бунтовници.
Оваа тотално нонкомформистичка порака беше лакомо проголтана од мејнстрим популацијата во тогашното време“, се вели во описот на настанот.

Тема за дискусија ќе биде „Најлошото веце во Шкотска”, односно ова е називот на најпрепознатливата сцена од филмот, а за што станува збор погледнете во видеото подолу. Bлезот за проекцијата е бесплатен.