Контра кадар Ск се враќа во кино Култура со „Spirited Away“ на Хајао Мијазаки

Дебатното кино „Контра кадар” – Скопје од вечерва (10 октомври) се враќа со официјална месечна програма во кино Култура. Секој понеделник од 20:00 ќе има отворени дебатни проекции на кој ќе се прикажуваат четири филма со четири теми преку разговори со гости и отворени дискусии.

Вечерашната, дваесет и шеста проекција ќе биде посветена на темата „Отсуството на негативци во филмовите на Хајао Мијазаки. Пред дискусијата ќе се прикажува филмот „Spirited Away“ (Hayao Miyazaki; 2001). Настанот започнува во 20:00 часот во кино Култура.

„Spirited Away“ на Хајао Мијазаки е бајковидно аниме кое не носи во светот на фантазијата, односно светот на духовите, кој секое дете го носи со себе и во себе. Овој филм е многу позитивно прифатен од западната публика и поради него култот на анимето почнува да се шири многу поинтензивно од дотогаш надвор од Јапонија.

Влезот е слободен.

Дебатно кино „Контра кадар“ – Скопје е културна иницијатива што организира седмични филмски проекции по кои следува дискусија за прашањата што филмот ги загатнува. Филмот служи како референтна точка за дикскусиите, но заедничката рефлекција на отворените прашања е главната цел на седмичните собири, додека анализата на самиот филм е во втор план. Филмската програма на „Контра кадар“ е жанровски, стилски и тематски хетерогена, а дебатниот формат не е фискен, иако има некакви контури кои ја гарантираат можноста за еднакво и целисходно учество во дискусијата на сите присутни. Цел на иницијативата е да одржува континуирана филмска и дебатна култура и да овозможи споделување на мислењата на што повеќе поедници по однос на привремено или постојано актуелните општествени теми.