Контра кадар Ск: проекција на „Мајка Тереза: Ангел од пеколот“ и дискусија

Оваа недела Католичката црква ја прогласи Гонџа Бојаџиу за светица. Поради актуелноста на темата, Контра кадар Скопје организира проекција на документарниот филм „Мајка Тереза: Ангел од пеколот“ од 1994 година, кој се обидува да ги деконструира митовите околу неа.

„Во Македонија, ликот на Мајка Тереза е крајно митологизиран и се смета за национално наследство и покрај тоа што овде мине многу кратко време од животот. Со оваа проекција се надеваме дека, ако ништо друго, барем ќе учествуваме во дискусијата околу Мајка Тереза, која оваа недела ќе биде жешка тема“, се вели во најавата за настанот.

Проекцијата е закажана за четврток (8 септември), во Социјалниот центар „Дуња“, со почеток во 20 часот.

Влезот е бесплатен.