Контра Кадар СК – проекција и дискусија за самоодржливост во природа/на село

Вечерва, на филмското платно во кино Култура ќе се прикажува документарниот филм „A Simpler Way: Crisis as Opportunity“. Проекцијата е закажана во 20 часот, а по неа следува дискусија за одржливоста во природа/на село со Маја Трајковска и Оливер Стефановски од здружението „Кален“.

Филмот зборува за конфликтот на економски, еколошки и културни кризи во денешно време. Во текот на 2015 година, мала комуна формирана во новото еко село во Гипсланд, Австралија, се предизвикува да истражи радикално „едноставен пат” на живот базиран на материјална доволност, скромност, пермакултура, алтернативна технологија и локална економија.

Документарецот, исто така, презентира нови и ексклузивни инервјуа со водечките активисти и едукатори во најнадежните светски социјални движења, вклучувајќи ги: David Holmgren (пермакултура), Helena Norberg-Hodge (локализација), Ted Trainer („поедноставен пат”), Nicole Foss (енергија и финансии), Bill Metcalf (интернационални комуни) и Graham Turner (граници на растот).

Влезот за настанот е слободен.