После двонеделната пауза, Контра Кадар се враќа во неделната програма на културни настани, овој пат со првенче од македонската кинематографија.
Љубителите на филмот ќе се сретнат и со авторот на филмот, кој ќе ја отвори дискусијата.
Филмот „Хај-Фај“ претставува еден од пресвртните моменти за македонската кинематографија, во ера кога филмовите почнуваат да се занимаваат со современите теми. Од современиот живот на луѓето во Македонија изникнува „Хај-Фај“, правен според истоимената драма на Горан Стефановски. Филмот е прекрасно прифатен од публиката и критиката во тогашна Југославија, а истовремено е и дело кое ден денес побудува полемики.
Гости на дебатата се режисерот на филмот Владимир Блажевски, како и професорот по сценарио на ФДУ проф. д-р Сашко Насев.
Проекцијата ќе се одржи во Социјалниот центар Дуња, во понеделник со почеток од 19 часот.
Влезот е секако бесплатен.