Контра Кадар СК 24: проекција на „Трамбо” и дискусија за предизвиците на уметникот во Македонија

Овој петок (29 септември), ќе се одржи 24. Контра Кадар СК, на кој ќе се прикажува американскиот филм „Трамбо”, по што ќе се отвори дискусија за предизвиците на уметникот во македонското општество.

Како гости на дискусијата се најавени режисерот Мартин Кочовски ,актерката Долорес Поповиќ и драматургот Горјан Милошевски.

Филмот, како што велат организаторите, е избран не поради политичкиот осврт, туку повеќе поради различните светогледи и конфликтите помеѓу уметниците и Владата.

Филмот го следи ликот на Доналд Трамбо, врвен холивудски писател кој е гонет поради своите политички убедувања.

Влезот за проекцијата е слободен.