Контра Кадар СК 21: проекција на „Irma La Douce“ и дискусија за сексуалната работа

Летното издание на Контра Кадар Скопје продолжува и оваа недела. Во летната атмосфера на дворот на новиот Социјален центар ,,Дуња”, овој пат ќе има лабава дискусија за филмот на Били Вајлдер (Billy Wilder) – „Слатката Ирма“ (Irma La Douce), а тема на дискусијата ќе биде сексуалната работа.

Ненадминатиот раскажувач од Виена, „виенската самовила“ (прекар на Вајлдер) во овој филм го носи гледачот низ улиците на Париз во 20-иот век во маалото на сексуалните работнички каде новиот полицаец (Џек Лемон) е поставен да воведе ред на улиците во париското маало каде што не владее законот. Низ сплет на околности тој станува макро, лорд и на крај заљубен во една од сексуалните работнички.

Проекцијата ќе се одржи во четврток, први септември, со почеток во 20 часот.