Контра кадар: проекција на „The Name of the Rose“ и дискусија посветена на Умберто Еко

Шестата Контра Кадар проекција во Кино култура ќе оддаде почит на неодамна починатиот писател, филозоф и преведувач Умберто Еко.

Овој понеделник (21 март), ќе се прикажува филмот „Името на Розата“, работен според истоимениот роман на Еко, кој ја следи детективската истрага на интелектуалниот монах – неконформист Вилјам де Баскервил и неговиот ученик Адсо.

По проекцијата, следува дискусија на која ќе присуствува Анастасија Ѓурчинова, редовна професорка по италијанска книжевност на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Ѓурчинова е носител е на бројни награди и одликувања, вклучувајќи и Орден од Република Италија, „Витез од редот Stella della solidarieta’ italiana“, доделен од претседателот Џорџо Наполитано, за заслуги во промоцијата на италијанскиот јазик и култура во Македонија.

Проекцијата ќе почне во 19 часот, а влезот е бесплатен.