Контра кадар Битола: проекција на „Future by design“ и собирање на донации за поплавените

Утрешната проекција на Контра кадар Битола ќе биде посветена на настраданите од поплавите, кои го зафатија Скопје и околината во саботата. На настанот ќе биде поставена кутија за собирање на донации за поплавените семејства.

Ќе се прикажува документарниот филм „Future by design“ на Вилијам Гезецки, во којшто се прикажани животот и де од идеите на Жак Фреско – човекот што некои луѓе го сметаат за модерниот Леонардо Да Винчи.

Филмот претставува визуелен приказ на дел од идеите и концептите на Фреско (мулти-дисциплинарен човек, концептуалист и визионер), којшто своите визионерски дела ги базира на социјална и еколошка димензија во однос на нивното влијание врз животната средина и животите на луѓето.

Гостинка на проекцијата е Мери Батакоја, асистентка на Архитектонски факултет – Скопје.

Проекцијата ќе се одржи во „Интимен Театар“, со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.