Контра кадар Битола: проекција на филмот „Dead poets society“

Вечерва во Домот на културата во Битола ќе се прикажува филмот „Dead poets society“ со почеток во 20 часот.

Проекцијата, во организација на Контра кадар Битола има за цел да поттикне дискусија за начинот на кој се школуваат македонските ученици и како тоа да се промени за да предизвика позитивни промени.

Токму филмот зборува на темата. Дејството се одвива во елитната Велтон Академија која важи за конзервативно и аристократско училиште. Филмот ги прикажува креативните и ведри настојувања на новиот професор по англиски, кој преку поезија сака да ги инспирира учениците и да ги оттргни од сувопарното школување базирано на традиција, чест и дисциплина.

Влезот е слободен.