Контра кадар 16 со проекција на Do The Right Thing на Спајк Ли

На шестнаесетото издание на Контра Кадар, кое ќе се одржи во понеделник (20 јуни) во 20 часот, ќе биде прикажуван филмот Do The Right Thing на Спајк Ли, по што ќе следува дискусија за границите на ненасилното делување.

Do The Right Thing од 1989 година, е трет и критички најуспешен филм на Спајк Ли, што барем малку е поврзан со духот на нашето време, наведуваат организаторите во поканата за настанот.

Сместен во Бруклин во 1980-тите, филмот и неговата галерија од интересни ликови претставува општествена критика на расната нетрпеливост во тоа време, но и своевиден потсетник за последиците и опасностите од овие конфликти.

Дискусијата по филмот има намера да ги разгледа разните форми на ненасилно дејствување, кога, како и зошто тоа функционира, кои се границите и како сето тоа знаење може да се примени во нашето општество.

Гостин-модератор на дискусијата ќе биде Баже Петрушев.

Влезот на проекцијата и разговорот по неа е бесплатен и отворен за сите.