Конкурс за уметници и уметнички групи за проект во монтажната галерија

Центарот за современи уметности – Скопје во соработка со општина Центар објавува повик за сите ликовни уметници, куратори, мултимедијални и изведувачки уметници и уметнички групи да поднесат предлог проекти за самостојни или групни изложби и работилници.

Повикот се однесува на уметници и групи кои работат во областа на современата уметност.

Избраните проекти ќе се реалираат од 20 јуни до 31 октомври во Мобилната монтажна галерија, лоцирана во скопскиот Парк на Франкофонијата.

Финасиски ќе бидат поддржани 4 проекти (до 20.000 денари) и 2 работилници (до 10.000 денари). Вкупен буџет за Повикот изнесува 100.000 денари.

Работилниците треба да бидат на тема поврзана со современата уметности или на теми поврзани со локалниот контекст на општина Центар. Притоа, проектните идеи треба да задоволуваат најмалку два критериуми.

„1.Да бидат иновативни (во својот концепт и изведба) и да водат кон препознавање на Мобилната / Монтажна галерија како точка за активирање и вклучување на граѓаните во културните настани. 2. Да овозможат градење на соработка, заеднички настап и заеднички акции помеѓу уметниците. 3. Да овозможат претставување на уметниците/уметничките групи  и нивните дела пред пошироката публика; 4. Да се креира автентична култура на изразување и живеење, културни производи кои произлегуваат од локалниот контекст; 5. Да создаваат стабилни врски на соработка помеѓу независната културна сцена и поширок круг на граѓани (потребни во креирање на културна публика).

Настаните  ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот за современи уметности. Финансиската конструкција на поединечен проект може да биде во износ максимален до 20,000.00 ден. Доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, оние настани коишто нема да бидат финансиски поддржани можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Мобилната/Монтажна галерија. Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на повиканите“, стои во повикот.

Дополнителни информации и формулар за пријави можат да се добијат на веб страната на центарот www.cac.org.mk.

Пријавите се доставите по електронски пат на scca@scca.org.mk  до 9 јуни.