Конкурс за уметничко дело на тема „Извидници“

Сојузот на извидници на Македонија по повод 60 години од своето основање и Светскиот ден на извидниците 22 февруари, објави конкурс за уметничко дело – слика, фотографија или скулптура на тема: Извидници.

Конкурс за уметничко дело на тема „Извидници“

Сите пристигнати квалификувани дела ќе бидат изложени во Уметничката галерија „КОРА” во Дом на Култура „Кочо Рацин” од 19 до 28 февруари.

За најуспешните три дела следуваат плакети и награди со награден фонд од 50 000 денари. Сите изложени дела ќе бидат понудени на аукција. Собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на функционирањето на Сојузот на Извидниците на Македонија и Извидничките одреди од Република Македонија.

Конкурсот е отворен за сите лица кои сакаат да учествуваат. Делата треба да се достават на адрасата на Сојузот на Извидниците и заедно со делото задолжително е да се испрати и писмена изјава која ќе ги содржи податоците за авторот, ќе гарантира дека лицето е автор на делото и со која авторот се согласува делото по изложбата да остане во сопственост на Сојузот на Извидниците на Македонија.

Краен рок за поднесување на уметничките дела е 14 февруари.