Конкурс за учесници на првиот Форум за јавни политики

Првиот Форум за јавни политики е продолжение на долгогодишниот образовен проект Политичка академија за социјална демократија. Основна цел на Форумот е да обезбеди платформа за развој и промоција на јавни политики во различни општествени сфери во духот на вредностите на социјалната демократија.

Фондација Фридрих Еберт – Скопје во соработка со Прогрес – Институт за социјална демократија распишуваат конкурс за учесници на првиот Форум за јавни политики годинава (деветта Политичка академија за социјална демократија).

Форумот за јавни политики ќе им овозможи на учесниците експертска подршка, емпириски податоци и практични искуства за развој на јавна политика во определена област преку континуиран дијалог со сите релевантни и засегнати општествени чинители.

Првиот Форум за јавни политики ќе се фокусира на образовните политики во сите степени на образование и ќе понуди целосни и кохерентни решенија.

Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на следниот линк.