Конкурс за студентски блог на тема: „Денес студент, утре (не)вработен – Што ти носи иднината?“

Светска банка распиша конкурс за студентски блог на тема: Денес студент, утре (не)вработен – Што ти носи иднината? со цел да ги слушне нивните надежи и грижи при наоѓањето работа.

Учесниците може да напишат текст до 400 збора.

„Државата има една од највисоките стапки на невработеност меѓу младите во Европа, а во исто време бележи и значително зголемување на бројот на млади луѓе во високото образование. Наоѓањето на добра работа претставува важна пресвртница за младите луѓе, но нивната транзиција кон пазарот на труд често носи многу предизвици“, стои во повикот.

Потребно е заинтересираните да се пријават до 2-ри јуни на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/VZGKKFG

Од Светска банка ги повикуваат младите да се приклучат и во онлајн дискусија користејќи го хаштагот #StudentsSpeakUpNorthMacedonia