Конкурс за стипендии за ученици Роми

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 880 (осумстотини и осумдесет) стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

Во првата категорија се доделуваат вкупно 200 стипендии за средношколци Роми од 2.200 денари месечно за постигнат успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година. Во втората категорија се доделуваат 320 стипендии од 1.500 денари месечно за постигнат успех од 3.50 до 4.49, во последната учебна година. Во третата категорија се доделуваат 160 стипендии од 1.000 денари месечно по ученик за постигнат успех од 3.00 – 3.49 во последната учебна година, додека во четвртата 50 стипендии од 1.000,00 денари месечно за ученици со посебни образовни потреби кои имаат постигнат успех од најмалку 3.00 во последната учебна година.
Во петта категорија се доделуваат 150 стипендии од 600,00 денари месечно по ученик за постигнат успех од 2.00 – 2.99 во последната учебна година.

Учениците Роми треба да се редовни ученици, да не повторувале во претходната учебна година, да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми, да се припадници на Ромската заедница и државјани на Република Македонија, соопшти МОН.