Конкурс за стипендии за стручно усовршување во Словенија

Во тек е конкурс за доделување на 2 стипендии за едносеместрално изучување на словенечкиот јазик и 18 стипендии за 3 до 6 месечно студиско усовршување на високо образовните установи во Словенија, за академската 2015/2016 година, информираат од Министерството за образование и наука.

Сите подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и обрасци за аплицирање, може да се најдат на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството.

Апликациите во писмена форма се доставуваат до Министерството за образование и наука – ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје.

Краен рок за аплицирање е 28 февруари, соопшти МОН.