Конкурс за стипендии за додипломски и пост-дипломски студии во Русија

Во тек е конкурсот за доделување на 25 стипендии наменети за македонските граѓани, за редовни додипломски и пост-дипломски студии во Руската Федерација, за академската 2015/2016 година.

Стипендиите ги доделува Владата на Руската Федерација. Избраните стипендисти ќе добиваат месечен паричен надоместок, во висина на стипендијата на руските студенти во соодветната категорија, но и еднакви услови и цена за сместување во студентските домови како и руските студенти.

Пријавувањето трае до 18 март 2015 година, а повеќе информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството за образование и наука (www.stipendii.mon.gov.mk), како и на интернет страницата на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија (www.russia.org.mk).