Конкурс за стипендии во Индија за 2013/2014 година

Конкурс за стипендии во Индија за 2013/2014 годинаМинистерството за надворешни работи на Индија во рамки на Програмата Indian Technical and Economic Cooperation (ITEC), за студиската 2013/2014година, за државјаните нa Р. Македонија доделува пет стипендии за тренинг курсеви.

Стипендиите се од областа на економијата, информатички технологии, телекомуникации, рурален развој, специјализирани курсеви, обновливи извори на енергија и др.

Стипендиите кои ги обезбедува Владата на Индија ги покриваат трошоците за обука, превоз, сместување и храна.

Брошурата и апликацијата за тренинг курсевите за студиската 2013/2014 година, може да се најдат на интернет страницата www.itec.mea.gov.in.

Апликациите на пријавените кандидати, Министерството за образование и наука ги доставува до Амбасадата на Индија во Софија, најдоцна три месеци пред започнувањето на избраниот курс.

Пријавите и потребната документација, во три примероци се поднесуваат до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и технолошко-технички развој, ул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 1000 Скопје, (зграда на Нова Македонија – 14 кат), континуирано во текот на целата година, (во зависност од терминот на соодветниот курс). За подетални информации, јавете се на контакт телефонот 3140-183.