Конкурс за стипендии од областа на филмската уметност

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на две стипендии за студии од прв циклус и три стипендии за студии од втор циклус од областа на филмската уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија, на Film Academy of Performing Arts (FAMU) во Прага, Република Чешка.

Стипендиите се наменети за македонски граѓани, за академската 2015/2016 година, а ги обезбедува Министерството за образование и наука.

Сите подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги обезбедат на специјализираниот интернет-портал за доделување стипендии на Министерството за образование и наука.

Крајниот рок за доставување на документите до Министерството, на ул.„Св. Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, е 20 август 2015 година, додека ранг листата со избраните кандидати ќе бидe објавенa на 1 септември, на веб-страницата на Министерството.