Конкурс за средношколски есеи – најдобрите ќе учествуваат на Балканската дебатна академија

Проектот Balkan Debate Academy: Debating towards Cooperation отвора повик за есеи за средношколци од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Најдобрите есеи кои ќе бидат избрани ќе добијат целосна стипендија за учество на Балканската дебатна академија во Скопје.

Проектот го спроведува Младинскиот образовен форум во соработка со Отворената комуникација од Србија, Центарот за културен дијалог од Босна и Херцеговина и Дебатниот центар од Косово, со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Учениците кои ќе аплицираат на повикот можат да изберат една од двете теми за есеи:

1. Дали нашето минато ја дефинира нашата иднина?
2. Напредокот започнува со дијалог.

Повикот за есеи е отворен до 14 октомври 2018 година, заинтересираните средношколци треба електронски да ги испраќаат своите есеи на debateacademy@mof.org.mk, означени како „Апликација за Балканска дебатна академија”.

Услови за учество:

• Повикот е отворен за средношколци на возраст од 14 до 18 години од Македонија,
Србија, Босна и Херцеговина и Косово;
• Есеите треба да бидат напишани на англиски јазик, со должина од најмалку 800 и
максимум 1200 зборови, напишани со фонт Times New Roman 12;
• Апликацијата за учество треба да содржи есеј напишан во Microsoft Office Word во
прилог на е-меилот, заедно со име, презиме, место на живеење, e-mail адреса, контакт
телефон и фотографија на авторот (кои ќе бидат објавени заедно со есејот).

По завршувањето на повикот, комисија од три члена ќе ги избере најдобрите 9 есеи од секоја земја. Победниците на конкурсот ќе добијат целосна стипендија за учество на меѓународната академија Balkan Debate Academy: Debating towards Cooperation. Академијата, која ќе се одржи од 30-ти октомври до 04-ти ноември во Скопје, ќе им овозможи на средношколците да учествуваат во напреден курс за дебата и да стекнат теоретски и практични вештини во областа на аргументаци, критичко размислување и јавно говорење.

Напредните дебатни предавања ќе вклучуваат обуки во областа на компетитивна дебата, јавно говорење и аргументативно изразување од страна на меѓународните и националните дебатни тренери, завршувајќи со меѓународен дебатен турнир, каде што учесниците ќе имаат можност да ги применат ново стекнатите вештини.

Учесниците на Академијата ќе бидат сертифицирани за успешна обука за дебата и јавно говорење. За повеќе информации за овој повик за есеи, можете да напишете на debateacademy@mof.org.mk или јавете се на: 02 3139 692