Конкурс за прозно дело за тинејџерска возраст

Детски културен центар „Карпош” и Град Скопје распишаа конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст.

Пријавените прозни дела може да бидат во жанрот на роман, новела или збирка раскази, да имаат наративна форма, најмалку 50 страници А4 формат, да бидат наменети за тинејџери, напишани на македонски јазик и досега да не биле објавувани.

Организаторите најавуваат дека особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, достеливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување.

„Целта на овој проект е креирање на можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање на читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив“, велат од Детскиот културен центар „Карпош“.

Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 10 април 2021 на следната мејл адреса: citackimaraton@gmail.com   (со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за тинејџерска возраст)

За наградата ќе одлучува тричлена стручна комисија. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до (10.06.2021). Tричлената комисија ќе додели една награда, а делото ќе биде публикувано.