Конкурс за пријавување на бендови на „Лузер фест“

Пасворд продукција го објави конкурсот за пријавување на бендови на претстојниот Лузер фест.

За да се пријават на конкурсот, музичките групи или солисти треба во електронски формат на и-мејл адресата info@password.mk да достават:

– две досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат),
– податоци за контакт,
– фотографија и
– кратка биографија на изведувачот/бендот.

„Разгласете, зачестете ги пробите, пријавете се најдоцна до 20-ти октомври и подгответе се заедно да ја покажеме поддршката за оние кои допрва ќе освојуваат на музичката сцена“, велат од Пасворд продукција.

Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на следниот ЛИНК.