Конкурс за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за сместување на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија во државните студентски домови и други соодветни објекти.

И годинава, на листата на капацитети за сместување се најдоа студентските домови во Скопје „Кузман Јосифовски Питу“, „Гоце Делчев“, трите згради на „Стив Наумов“, „Пелагонија“, „Томе Стефановиќ Сениќ“, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид , „Доне Божинов“ во Пробиштип, „Орце Чопола“ во Прилеп , како и „Браќа Миладиновци“, Оаза“, Хилјадников“, и „Логос“ во Штип.

Од Министерството потенцираат дека во студентски дом „Гоце Делчев“, годинава сместувањето ќе се врши само во реновираните блокови Б и А, но до целосно завршување на процесот на опремување на реновираниот блок А, студентите привремено ќе бидат сместени во блокот Г.

Распределбата на вкупниот број на расположиви места во домовите се врши на следниот начин:

а) прва група – 40% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Македонија, и тоа за студенти:
– деца без родители и родителска грижа,
– деца со посебни потреби,
– деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош,
– деца на самохран родител,
– деца на невработени родители и
– деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.

б) Во првата група спаѓаат и студенти за кои вкупните приходи во семејството се над нето минималната плата утврдена во Република Македонија и тоа за студенти:
– деца без родители и родителска грижа,
– деца со посебни потреби,
– деца на самохран родител,
– деца на невработени родители
– деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.

в) Втора група – 25% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето.

г) Трета група – 35% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за редовни студенти запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Македонија кои не припаѓаат во групите од точките а), б) и в) на овој член.

I.3.Од вкупниот број расположиви места во студентските домови, 20 % се обезбедуваат за студенти, кои за прв пат ќе бидат запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

II. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ

II.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење:
– помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година;
– осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и
– над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години;

II.2. Право на прием во државните студентски домови имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и сл. и тоа: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билателарни договори и слично.

II.3. Немат право на прием студентите:
1. Кои го нарушиле куќниот ред во домот и за што им е изречена воспитна мерка забрана за користење на услугите на домот, за време определено во изречената воспитна мерка,.
2. Запишани по втор пат како апсолвенти.
3. кои не ги подмириле обврските за сместување кон домовите повеќе од еден месец.
4. запишани на постдипломски студии.

II.4. Студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.

III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена наинтернет порталотwww.smestuvanje.mon.gov.mk.
Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.
Студентите кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава, пред доставувањето на потребните документи од Глава IV.
Рокот за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 18.07.2016 година и трае до12.08.2016 година.
Рокот за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 20.08.2016 година и трае до 28.08.2016 година.
По објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 29.09.2016 година.

IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

IV.1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Студентите, кои ги исполнуваат условите по Конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги достават следните документи:
1. Молба со платена административна такса од 50,00 денари;
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
3. Потврда за редовност во текот на студиите;
4. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;
5. Заверен образец “УППИ”;
6. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кои ке потврдат дека се применина факултет);
7. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
8. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе гo докажат нивниот статус;
9. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
10. Изјава за идентичност на податоците;
11. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
12. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2016 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставуваатпоследно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
13. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
-уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
-потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

IV.2. ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТИ
Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11.
Кандидатите кои конкурираат за студентски дом во Скопје, горенаведените документи ги доставуваат лично во просториите на Министерството за образование и наука (шалтерите на самиот влез во архивата на Одделението за ученички и студентски стандард) од 9:00 – 15:30 часот или по пошта до Комисијата за прием и проверка на документацијата на адреса Министерство за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје и тоапочнувајќи од 15.08.2016 година до 23.08.2016 година, додека студентите од I година документите ги доставуваат почнувајќи од 29.08.2016 година до 02.09.2016 година.
Кандидатите кои конкурираат за студентски дом надвор од Скопје, горенаведените документи ги доставуваат до Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
-некомплетна и
-ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

V. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ

V.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за студентскиот стандард и Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови (“Службен весник на Република Македонија” број 89/13, 98/13 и 130/16).
Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во текот на студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.

V.2. Конечниот список за прием на студентите од II година и повисоките години ќе се објави на 31.08.2016 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и наинтернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.
Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

V.3. Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен на 09.09.2016 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.
Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до архивата на Министерството.

V.4. Доколку бројот на студенти, кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2.од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.

V.5. Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017година.

VI. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.
Доколку студентот, кој е примен согласно овој Конкурс, не потпише договор во предвидениот рок, тогаш истиот нема право повторно да конкурира за сместување во дом.

Потребните пријави, како и дополните информации за конкурсот може да се најдат на овој ЛИНК.