Конкурс за плакат на тема „Дарување крв, младост, хуманост“

Со цел промоција на крводарителството, мотивирање и поттикнување на младите, Црвен крст на град Скопје објавува конкурс за изработка на идејно решение на тема „Дарување крв, младост, хуманост“. Конкурсот е отворен од 1 март до 15 април 2016 година.

Конкурсот е наменет за студентите на факултети / академии / колеџи за уметност и дизајн регистрирани како образовна институција и сите професионални дизаjнери без ограничување на возраста за пријавување. Секој учесник може да аплицира со максимум три постери. Групни апликации не се дозволени.

Плакатот треба да ја промовира темата „Дарување крв, младост, хуманост”, со димензии 500 х 700 мм со резолуција 150 dpi во CMYK профил во формат PDF или JPG.

Фајловите не треба да бидат поголеми од 25 мб и треба да се испратат на електронската адреса skopje.mladi@redcross.org.mk не подоцна од 15 април. Сите користени фонтови треба да бидат векторизирани или растеризирани.

Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права.

Изборот на најдобро идејно решение ќе го направи 3 (три) члена комисија составена од претставници од Црвен крст и Здружението на графички дизајнери „Плакарт“.

Авторот на најдоброто идејно решение ќе биде награден со викенд за 2 лица во хотел Солферино Струга, како и можност идејното решение да биде поставено на промотивни материјали (флаери, постери, билборд) кои ќе се подготват и публикуваат согласно планираните активности на Црвен крст.

Дополнително, по повод 14 jуни- Светски ден на крводарителството во РМ во просториите на Дневниот центар за дарување крв во ДХО „Даре Џамбаз“ ќе се реализира настан посветен на промоција и унапредување на крводарителството во нашиот град. Во рамките на настанот биде подготвена изложба од сите пристигнати идејни решенија на тема „Дарување крв, младост, хуманост“.