Конкурс за пишување блог, наградата е две недели бесплатно патување низ Балканот

Со испраќање на блог пост, се добива можноста за освојување на две недели турнеја низ Балканот. Ова е прво во серијата патувања организирани од босанската страница Balkan vibe, за оваа година. Дури и оние кои нема да бидат избрани за ова патување, ќе имаат шанса да пишуваат за страницата, а за возврат да добиваат и симболичен хонорар.

Услови за учество:

Потребно е да се испратат три копии од оригинални текстови кои се однесуваат за Балканот, напишани помеѓу 800 и 1500 зборови, со 5 до 10 фотографии. Текстовите мора да се авторски и може да се претходно објавени. Тие мора да се однесуваат и да одговараат на најмалку една од следните категории:

Култура и уметност
Места
Начин на природата
Забава и ноќен живот
Спорт и авантура
Храна и пијалок
Бизнис патник
Музика и фестивали
Моден дизајн
Заедница и активизам
Семејна забава
Кој е кој

Победниците ќе бидат соопштени на 31 август 2016 година, преку мејл и на социјалните мрежи. Првите три победници ќе добијат патување низ Балканот за две недели, со целосно платени трошоци. Секој од победницте ќе одбери регион за патувањето самостојно, со различни правци од останатите.

Победниците ќе треба да пишуваат по еден текст секојдневно за време на патувањето и да ги објавуваат на страницата на Balkan vibe.

Упатство за пријавување:

Сите текстови мора да се напишани на англиски јазик во Word документ и да се испратат на contest@balkanvibe.com, најдоцна до 12 август 2016 година. Како предмет за испраќање се пишува:

„Balkanvibe Travel Blogger Contest – [Име] [Презиме] [Текстот #]”

Потребно е учесниците да го пополнат формуларот за учество на натпреварот, за секој текст што ќе го испратат.

На почетокот од текстот, треба да стојат името, мејлот и телефонскиот број на авторот. Секој учесник може да испрати до три текста, но мора да бидат испратени поединечно, заедно со формуларот, прикачен погоре. Учесниците треба да испратат и своја кратка биографија (максимум 75 зборови) и еден линк, кој може да води кон нивниот блог, или некоја друга страница.

Дополнителни  информации ипрашања во врска со натпреварот и начинот на избирање може да се најдат и постават на овој ЛИНК.