Конкурс за oткуп на фотографии со мотиви од Скопје

Град Скопје објави конкурс за откуп на фотографии со мотиви од градот. Конкурсот ќе трае 120 дена, а на него може да учествуваат  сите заинтересирани правни и физички лица, согласно утврдените барања:

1. Фотографиите треба да бидат со различни мотиви од  подрачјето на градот Скопје, по избор на доставувачот,

2. Доставените, фотографии треба да се изработени во дигитален ТИФ(TIF) формат, со висока резолуција, подготвени за печатење,

3. Фотографиите не треба да бидат постари од (1) една година,

4. Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да биле пријавени за учество на други конкурси.

Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани. фотографиите треба да се достават до Сектор за локален економски развој на Град Скопје,  бул. „Илинден” бр. 82, 1000 Скопје и со назнака „За Конкурсот за најдобра фотографија“.