Конкурс за обуки на тема „Најтешка работа е да најдеш работа“

Младинскиот Совет на Американската Амбасада во Скопје организира обука за зајакнување на вештините за барање на работа. Обуката опфаќа четиридневен интензивен тренинг на теми кои се сметаат за важни во аплицирањето за
работни позиции:
 мотивација и лидерство,
 стекнување на меки вештини,
 алатки за барање на работа, и
 претприемништво и иновации.
Обуката ќе се одржи во 3 градови во Република Македонија: Берово (11-14 Јули), Дебар (25-28 Јули) и Крушево (8-11 Август).
Изборот е ограничен на 25 жители од наведените општини кои активно бараат работа и имаат од 18 до 30 години до датумот на оддржување. Обуката е финансиски поддржана од Американската амбасада во Скопје и
учеството е бесплатно. Краен рок за пријавување на адресата: ycusmac@gmail.com е 7 јули 2013. Во мејлот со
наслов: „Апликација за обука“ заинтересираните треба да ги наведат следните информации:
 досегашните академски и професионални постигнувања,интересот да се учествува на обуката, и
 посакуваното работно место и визија за кариера,

За повеќе информации контактирајте не на: ycusmac@gmail.com