Конкурс за обука на млади „Развој на кариера“

Здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста Доминиум културно јадро од Скопје, објавува оглас за млади невработени лица на возраст од 20-28 години за учество во обука.

„Цел на обуката е зајакнување на капацитетите и развивањето на вештините и поддршка во насоката на зголемувањето на свесноста за нивните ментални, емотивни и социјални потенцијали со цел успешна адаптација и интеграција во општеството и нивно полесно интегрирање на пазарот на трудот“, велат од Здружението.

Кандидатите треба да испратат свое CV и кратко мотивационо писмо на dominium.cultural.hub@gmail.com со назнака: Пријава за обука „Развој на кариера“.

Пријавувањето трае од 10 до 16 септември.

Обуката е бесплатна. Бројот на места е ограничен (max 20 кандидати)

Инаку, „Развој на кариера” е проект на Здружението Доминиум културно јадро во соработка со Гешталт Институт „Синергија“, а поддржан од Агенција за млади и спорт на РСМ.