Конкурс за новинарска награда „Најдобра истражувачка сторија на годината – 2012“

Конкурс за новинарска награда „Најдобра истражувачка сторија на годината - 2012“Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објавува конкурсот за престижната новинарска награда “Најдобра истражувачка сторија на годината“.

Конкурсот е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во 2012, како и за оние новинари и редакции кои сакаат да пријават добра истражувачка сторија подготвена и/или објавена од колеги-новинари или други редакции во Македонија.

Не постојат ограничувања во однос на бројот на сториите со кои еден новинар или редакција можат да учествуваат на конкурсот.

Авторите на најдобрите истражувачки стории ќе добијат парични награди во износ од:

-30.000 денари за првонаградената сторија;

-20.000 денари за второнаградената; и

-10.000 денари за третонаградената сторија.

За пријавување потребно е да се достават по пет примероци од објавените стории (оригинал или копии на це-де од аудиовизуелните стории или, пак, оригинал или копии од сториите објавени во печат или во електронските публикации) најдоцна до 4 март (понеделник) 2013, и тоа:

– По пошта: Македонски институт за медиуми, Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје

– По електронска пошта: mim@mim.org.mk

– Или лично да се достават во МИМ

Критериумите за избор на најдобрите истражувачки стории се достапни овде.

МИМ ја доделува Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината редовно од 2001 година, со цел да го поттикне и поддржи истражувачкото новинарство, кое се смета за врвно новинарско достигнување и значаен елемент во зајакнувањето на демократијата во секое општество.

Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на: 02/ 30 90 144; и mim@mim.org.mk