Конкурс за најдобра планинска фотографија

Планинарскиот клуб Македон по повод 11-ти декември, Денот на планината, организира конкурс за три најдобри фотографии инспирирани од моменти на македонските планини, кои низ патувања граѓаните ги овековечиле.

Услови и критериуми за аплицирање:
• Фотографијата треба да биде од мобилен телефон.
• Да биде минимум 1600 пиксели.
• Да е ваше автентично дело, фотографирана на македонските планини
• Да биде направена во изминатите три години (од 2018 – денес).

Вашите избрани дела испратете ни ги најдоцна до 09.12.2021 до 12:00ч на нашиот e-mail sliki.makedon@gmail.com со поднесување на:
• Максимум 3 фотографии,
• Ваше име и презиме,
• Краток опис или креативна дескрипција на фотографијата,
• Датум и локација.

Организаторите ќе изберат три најдобри фотографии кои ќе бидат наградени.

Прво место ќе добие вредносен ваучер од 3,000.00 денари oд Scout Outdoor Shop. Второ место ќе биде наградено со топографска мапа од врв по избор. Мапата е насликана на платно од креативното катче на Podari Planina. Третото место, пак, ќе добие прирачник за планинарење на македонски јазик.

Избирањето на фотографиите ќе биде од страна на жири составено од планинари и фотографи од и надвор од клубот.

Добитниците на првите три места ќе бидат објавени на Денот на планина, 11 декември на социјалните мрежи.