Конкурс за најдобра фотографија на тема :„Приказни за убавините на Националниот парк Маврово”

Националниот парк Маврово по повод одбележувањето на седумдесет годишнината од своето формирање распиша конкурс за најдобра фотографија која ги отсликува убавините на овој предел.

Конкурсот е отворен за сите жители на Република Северна Македонија, но доставените фотографии мора да бидат направени на територија на Националниот парк Маврово.

Конкурсот опфаќа три различни категории на учество:

  1. Млади фотографи ( до 16 години)
  2. Фотографи аматери
  3. Професионални фотографи

 Начин на испраќање на фотографиите:

Испратете ги вашите фотографии на infopoint@npmavrovo.org.mk

Секоја фотографија треба да ги содржи следните информации:

  1. Име и Презиме на фотографот
  2. Локација на која е направена фотографијата
  3. Дата кога истата е направена (ќе бидат прифатени и фотографии кои се направени пред објавување на овој конкурс)
  4. Категорија во која сакате да се натпреварувате

Едно лице може да поднесе најмногу 5 дигитални фотографии испратени преку е-маил.

Учеството е бесплатно.

Трошоците за организација на изложба или друг настан на кој би се промовирале фотографиите се на сметка на организаторот на овој конкурс.

Времетраење на  конкурсот:

Од денот на објавување до 15 .11. 2019 г.

Наградите кои ќе бидат доделени се следните:

  1. за категорија млади фотографи: вредносен ваучер во износ од 5.000 денари
  2. за категорија фотографи аматери: вредносен ваучер во износ од 10.000 денари
  3. за категорија професионални фотографи: вредносен ваучер во износ од 15.000 денари

Наградените фотографии ќе бидат објавени на 20.11.2019 на веб страната на НП Маврово www.npmavrovo.org.mk како и фб. страницата и инстаграм профилот на паркот:

https://www.facebook.com/mavrovo/

https://www.instagram.com/mavrovonationalpark/

Наградите ќе бидат доделени за време на свечениот настан по повод одбележувањето на 70 годишнината од формирањето на ЈУНП Маврово кој ќе се одржи на 29.11.2019 година ( во случај на промени на датумот ќе бидете навремено известени).

Дополнителни информации за Конкурсот се достапни на следниот ЛИНК.